Брисел: Баросо му ја честиташе победата на Ердоган

Претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо му ја честиташе на турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган изборната победа на неговата Партија на првадата и развојот. ,,Победата доаѓа во важен момент за народот на Турција, земја која напредува во политичките и економските реформи,, изјави Баросо. Анкара ги почна преговорите за пристапување кон Европскта Унија во две илјади и петата година.