Белград: Португалскиот амбасадор ги повика жителите на Косово да покажат трпение

Португалскиот амбасадор во Белград, Антонио Танжер Кореа ги повика жителите на Косово да покажат трпение додека не биде определен статусот на покраината. Кореа, чиј земја е актуелен претседавач со ЕУ, нагласи дека „постојат и други решенија за придивижување на процесот“, додавајќи дека западните земји решиле да остават нов краток период за преговори меѓу Приштина и Белград.