Скопје: Продолжува расправата по Предлог измените за дополнување на Буџетот

Собранието денеска ќе ја продолжи расправата по Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот на Република Македонија за 2007 година. На вчерашната седница пратениците од опозицијата изнесоа забелешки за предложената структура на ребалансот и трансферот на средствата. Владо Бучковски од СДСМ забележа што ребалансот наместо за модернизацијата на Армијата е повеќе наменет за изградба на спортски сали и дека се купуваат компјутери, а, како што рече, нема училишта. Азис Положани од ДУИ побара „посоодветна распределба на средствата“ во капиталните инвестиции во областа на културата.