Москва: И Русија воведува мерки кон Британија

Русија ќе протера четворица британски дипломати, соопшти руското министерство за надворешни работи. Одговорот од Русија доаѓа откако во понеделникот Британија одлучи да протера исто така четворица руски дипломати, поради одбивањето на Москва да го испорача главниот осомничен за убиството на поранешниот руски разузнувач Александар Литвиненко.