Москва: Русија бара нов Договор за конвенционалните сили

Официјална Москва ја отфрли понудата на НАТО за разговори околу руската одлука да го суспендира своето учество во Договорот за контрола на конвенционалните сили во Европа. Претставникот на руското министерство за одбрана Евегениј Бужински денеска изјави дека разговорите за стариот договор нема да имаат смисла и побара да се изработи нов.