Истанбул: Убиен турски независен кандидат за пратеник

Синоќа во Истанбул е убиен еден независен кандидат за пратеник, учесник на претстојните парламентарни избори во Турција, што треба да се одржат на 22 јули. Кандидатот за пратеник Тунчај Сејранлиоглу, кој инаку бил сопственик и на еден турски весник, е убиен со истрели од огнено оружје, непосредно по неговото учество во една телевизиска емисија. Три други лица при нападот се повредени.