Скопје: Министерот за внатрешни работи Гордана Јанкуловска со коментар за случајот Љубанци

Министерот за внатрешни работи Гордана Јанкуловска во врска со пријавата на жители од скопското село Љубанци за забележани вооружени групи кои вршеле бесправна сеча на околната шума, изјави дека заштитата на шумскиот фонд е во надлежност на шумската полиција која не е дел од Министерството за внатрешни работи. Таа истакна дека шумската кражба претставува кривично дело што се пријавува во МВР, додавајќи дека во Министерството во однос на сите пријави се постапува неселективно.