Вашигтон: Средба Буш – Качински

Денеска во Вашингтон ќе се сретнат претседателот на Полска Лех Качински и американскиот претседател Џорџ Буш, а во фокусот на разговорите ќе биде планот на Соединетите држави за разместување на антиракетен одбрамбен штит во Полска и Чешка, а ќе стане збор и за воената соработка меѓу Вашингтон и Варшава. До состанокот доаѓа два дена откако рускиот претседател Владимир Путин потпиша декрет со кој Русија го суспендира учеството во Договорот за конвенционално оружје во Европа.