Минск: Уапсени пет лица под сомневање за шпиунажа

Белоруските тајни служби уапсиле пет луѓе под сомневање дека работеле како шпиони за полските разузнавачки агенции, објави белоруската државна телевизија. ,,Станува збор за четворица белоруси и еден русин кои порано биле воени лица,, изјави шефот на белоруската Ка Ге Бе Виктор Вегера, наведувајќи дека тие работеле на собирање податоци за системот на противвоздушна одбрана на Русија и на Белорусија.