Париз: Состанок меѓу либанските ривалски групи

Либанските ривалски партии со денешните разговори го завршуваат дводневниот состанок што се одржува во Париз. Состанокот зад затворени врати има за цел смирување на тензиите меѓу 14 ривалски партии од Либан, што резултираа со продлабочување на политичката и религозна криза во земјата. Организаторите на состанокот – Франција, со подршка на Соединетите држави и Иран, се надеваат на надминување на ќорсокакот во односите меѓу либанскиот премиер Фуад Синиора и опозицијата предводена од Хезболах.