Либија: Семејствата на децата заразени со ХИВ вирусот прифатиле компензација

Семејствата на 400 либиски деца за чие заразување со ХИВ вирусот со смртна казна се обвинети пет бугарски медицински сестри и еден палестински доктор, ја прифатиле компензацијата во материјални средства, соопшти фондацијата предводена од синот на либискиот лидер Моамер Гадафи. Семејствата како што се јавува ќе прифатат компензација во висина од еден милион долари по жртва.