Багдад: Убиен еден ирачки фоторепортер на Ројтерс и неговиот возач

Еден ирачки фоторепортер и неговиот возач, кои работеле за Ројтерс, се убиени во Багдад за време на борбите на американските сили со милитантите. Во борбите биле убиени 9-мина бунтовници. Во друг инцидент, при напад врз контролен пункт пред Министерството за внатрешни работи во Багдад, биле убиени 5-мина стражари.