Белград: Надгледуваната независност и натаму основа за Косово, изјави Бернар Кушнер

Планот за надгледувана независност на Косово нема автоматски да стапи во сила доколку преговорите не успеат, но и натаму останува основа за решавање на статусот на Косово, изјави денеска при посетата на Белград францускиот министер за надворешни работи Бернар Кушнер. Српскиот шеф на дипломатијата Вук Јеремиќ истакна дека Србија се залага за пронаоѓање на компромисно решение за Косово. По посетата на Белград францускиот шеф на диполматијата Кушнер ќе ја посети и Приштина.