Скопје: Заврши проектот на ЕУ „Техничка помош за подобрување на инвестиционата клима во Македонија“

Евроамбасадорот Ерван Фуере по денешната завршна конференција за проектот „Техничка помош на Министерството за економија за подобрување на инвестициската клима во Република Македонија“ оцени дека проектот е успешен и оти клучниот предизвик за Македонија се странските инвестиции. Фуере истакна дека во рамки на проектот Владата ги прифатила сите препораки и оти очекува да бидат постигнати позитивни резултати. Проектот беше финансиран со 1,2 милиони евра од страна на Европската Унија а се спроведуваше 18 месеци.