Багдад: Се очекуваат напади од Ал Каеда по големата офанзива на американските сили

Американскиот генерал Кевин Бергнер изјави дека очекува Ал Каеда во Ирак да возврати со спектакуларни напади по големата офанзива на американските сили која им наштети на нејзините активности. Бергер изјави дека 26 лидери на Ал Каеда се убиени или фатени во операциите во Мај и Јуни. Неговиот коментар доаѓа по соопштението на ирачкото министерсво за внатрешни работи дека се откриени 200 пакети на експлозивни појаси за бомбаши самоубијци во камион кој доагал од Сирија.