Сервисесите за бела техника и мобилни телефони се жалат дека немаат каде да ги фрлаат апаратите кои веќе не се употребуваат:
„Особено телевизорите. Отпадите не го ни примаат. Ќе го остави муштерија, не се прави и што да му правиме. Демонтираме што може да се извади, а другото во кутија и во контејнер, или до него, ако е полн.“
„Во сервисот на мобилна технологија многу често деловите кои се расипани се фрлаат во контејнер, зашто нема каде да ги фрламе,“
велат сервисерите Никола Кимовски и Зоран Ангеловски.
Еколозите посочуваат дека електронскиот отпад, освен што ја загадуваат животната средина се штетни и за човековото здравје. Марија Јанковска од еколошкото друштво „Екосвест“ вели дека супстанциите што ги содржат електронските направи штетно влијаат на нервниот систем и тироидната жлезда
„Материјалите од електричните апарати, се добиваат диоксини и флурани кои се најтоксични супстанци познати воопшто, коишто дејствуваат токсично, предизвикуваат рак и дијабетис.“
Во Македонија, нема посебен закон за овој отпад, но тоа е дел од законот за отпадот. Министерството за животна средина има подготвено стратегија за електронскиот отпад, која е во владина процедура и до крајот на годинава очекуваат да биде реализирана:
„Со неа ги даваме основните насоки за управување со сите видови отпад, вклучително и електронскиот.“