Конар: Нови цивилни жртви во Авганистан

Локалните власти во авганистанската провинција Конар соопштија дека при истрагата што ја спровеле се покажало дека 27 цивили загинале при воздушните напади на НАТО силите изведени минатата недела. При истрагата е утврдено дека во нападите загинале и 37 талибански бунтовници. Силите на НАТО соопштија дека не се запознаени за евентуални цивилни жртви при нападот.