Триполи: Европската Комисија изрази жалење за потврдата на либискиот суд

Претседателот на Европската Комисија Жозе Мануел Баросо изрази жалење за денешната одлука на Либискиот Врховен суд кој ја потврди смртната казна за 5-те бугарски медицински сестри и еден палестински доктор за намерно инфицирање на 400-тини деца со ХИВ вирусот. Баросо изрази надеж дека ќе биде пронајдено решение за случајот. Инаку, потврдата од Врховниот суд не е конечна, истата треба да биде потврдена, преиначена или целосно укината и од страна на либискиот правосуден совет. Во меѓувреме од Фондацијата ,,Гадафи,, е соопштено дека семејствата на жртвите прифатиле материјална сатисфакција, што ќе овозможи решавање на кризата.