Белград: Србија ја отфрла новата нацрт резолуција во ОН за Косово

Србија ја отфрла новата нацрт резолуција во Советот за безбедност на ОН за Косово, бидејќи и таа претставува подготовка за независност на Покраината, соопшти денеска премиерот на Србија Воислав Коштуница. Соединетите држави и Европската Унија во Обединетите Нации подготвуваат нова нацрт резолуција со која на Белград и Приштина би им се дала можност за дополнителни 120 дена, како што се вели во резолуцијата ,,вистински преговори за статусот,, по што Советот за безбедност треба да утврди дали може да се дојде до заедничко решение или треба да бидат преземни натамошни чекори.