Њујорк: Шефот на УНМИК Јоаким Рикер ќе поднесе извештај за развојот на настаните на Косово

Шефот на УНМИК Јоаким Рикер денеска до Советот за безбедност на ОН ќе поднесе извештај за развојот на настаните во Косово во претходните три месеци. Се очекува Рикер да ја нагласи неповолната положба на мисијата на ОН во Косово заради зголемувањето на затегнатоста на ситуацијата предизвикана од незадоволството на Албанците за одложување на процесот на решавање на статусот на Косово.