Свет: Заврши музичкиот маратон ,,Лајвр Ерт“

24 часовниот светски музички маратон ,,Лајв Ерт,, за подигнување на свеста за климатските промени и последиците од глобалното затоплување заврши со концерите во Бразил и Соединетите Држави. Кампањата ја покрена поранешниот американски потпретседател и борец за заштита на планетата Ал Гор. На концертите што беа одржани во девет градови во светот, настапија некои од најголемите музички ѕвезди како Мадона, Полис, Ред Хот Чили Пеперс, Шакира, а околу две милијарди луѓе, според организаторите го проследиле шоуто во живо или преку телевизија и интернет.