Париз: Птичји грип кај три лебеди во Франција

Надлежните служби во Франција соопштија дека трите угинати лебеди, пронајдени на исток на земјата, биле заразени со вирусот на птичјиот грип, Ха 5 Ен 1, кој е опасен и за човекот. Областа каде што се пронајдени лебедите е ставена под надзор. Во минатиот месец, угинати птици со вирус на птичји грип беа пронајдени во германскиот град Нирнберг и во Чешка.