Пјонгјанг: Северна Кореја подготвена за проширување на соработката со агенцијата за атомска енергија

Северна Кореја е подготвена да ја прошири соработката со Меѓународната Агенција за Атомска Енергија во процесот на затворање на главниот нуклеарен реактор, јавува Асошиетед Прес. Како што се наведува, Пјонг Јанг, на меѓународните инспектори, ќе им ги достави сите неопходни технички информации и помош за извршување на нивната работа.