Кенебанкпорт: Средба Џорџ Буш - Владимир Путин

Денеска ќе бидат одржани неформални разговори меѓу американскиот претседател Џорџ Буш и рускиот претседател Владимир Путин. Буш ќе му биде домаќин на Путин во неговиот фамилијарен дом во Кенебанкпорт во државата Мејн. Односите меѓу Вашингтон и Москва се затегнати, поради американскиот план за распоредување антиракетен штит во Европа, а двете страни имаат различен став и по прашањето за косовскиот статус.