Вашингтон: Израел би можел да биде модел за иднината на Ирак

Американскиот претседател Џорџ Буш изјави дека Израел би можел да биде модел за иднината на Ирак. Буш, во говорот во американскиот морнарички воен колеџ, изјави дека цел на американската мисија во Ирак не е да се елиминираат нападите, туку да се обезбедат услови за функционирање на ирачката демократија, и покрај инцидентите, онака како што е во Израел. Буш побара од американците да бидат трпеливи во врска со улогата на американските сили во Ирак.