Приштина: Посета на генералниот секретар на НАТО Јап Де Хоп Схефер

Генералниот секретар на НАТО Јап Де Хоп Схефер, денеска од Охрид, ќе отпатува во посета на Приштина, каде што ќе разговара со највисоките косовски претставници. Предвидени се средби на Схефер и со шефот на УНМИК Јоаким Рикер и командантот на КФОР Роланд Катер, како и со претставници на србите на Косово.