Лондон: Гордон Браун треба да го соопшти составот на неговиот кабинет

Новиот британски премиер Гордон Браун денеска треба да го соопшти составот на неговиот кабинет. Се очекува тој да наименува нови министри за надворешни и за внатрешни работи и за здравство. Браун кој досега беше министер за финансии вчера ја презеде премиерската функција од Тони Блер кој веќе е наименуван за нов пратеник за Блискиот Исток.