Москва: Јури Лужков доби уште еден градоначалнички мандат

Градоначалникот на Москва, Јури Лужков, кој веќе 15 години е на таа функција, доби уште еден мандат. Градските власти повторно го изгласаа Лужков, кој е предложен од претседателот Владимир Путин. Во Русија, во 2004-та година беа укинати изборите за градоначалници, кандидатите ги предлага претседателот, а ги изгласуваат локалните парламенти.