Багдад: Најмалку 33 лица загинале во три одвоени самоубиствени напади

Најмалку 33 луѓе загинале денеска во Ирак во три одвоени самоубиствени напади. Во северниот град Баиџи, бомбаш самоубиец со камион цистерна удрил во полициска станица, при што 18 луѓе загинале, а 40 биле повредени. Во градот Хила, пак, од експлозија на автомобил бомба, настрадале 8 лица, а 25 биле повредени. Бомбаш самоубиец активирал експлозив во еден хотел во Багдад, при што загинале 7 луѓе.