Прага: Чешките ветеринари ќе уништат 6 илјади мисирки поради сомневање за инфекција од птичји грип

Чешките ветеринарни служби ќе уништат околу 6 илјади мисирки на една фарма во Чешка, поради сомневање дека се инфицирани од птичји грип. Определена е и зона на карантин во околината, но сеуште не е јасно дали станува збор за вирусот Ха 5 Ен 1, кој е смртоносен за луѓето.