Москва: Русија ја отфрли новата нацрт резолуција за Косово

Русија ја отфрли новата нацрт резолуција за Косово, предложена во Советот за безбедност на Обединетите Нации, во која се предлага 4 месечно одлагање на независноста, за да им се даде уште една шанса на Белград и Приштина да дојдат до договор или во спротивно автоматски би се активирал планот на Ахтисари. Рускиот амбасадор во Обединетите Нации Виталиј Чуркин изјави дека оваа резолуција, предложена од Соединетите Држави и Европската Унија, е неприфатлива.