Брисел: Започнува дводневниот самит на ЕУ

Денеска во Брисел ќе започне дводневниот самит на ЕУ. Претседавачот на унијата, германската канцеларка Ангела Меркел ги повика лидерите на 27-те земји членки да ги надминат длабоките поделби околу новата спогодба за ЕУ. Посматрачите очекуваат дека преговорите за новиот документ ќе бидат тешки и политички чувствителни, особено со Полска и со Велика Британија, кои се противат на некои измени на предлог уставот на ЕУ.