Западен Брег: Махмуд Абас е подготвен за обновување на мировните разговори со Израел

Палестинскиот претседател Махмуд Абас изјавил дека е подготвен за обновување на мировните преговори со Израел. Абас ова, во телефонски разговор, му го пренел на американскиот претседател Џорџ Буш, кој пак денеска во Вашингтон ќе има средба со израелскиот премиер Ехуд Олмерт. Вчера, Европската Унија и Соединетите Држави соопштија дека ќе ја обноват директната помош за палестинците откако Абас го исклучи Хамас од палестинската влада.