Берлин: 13 загинати, а најмалку 30 повредени во сообраќајна несреќа

13 лица загинале, а најмалку 30 се повредени во судир на автобус во источна Германија. Според полициски извори од задната страна на автобусот удрил камион. Автобусот се движел со намалена брзина, поради друга сообраќајна несреќа на патот.