Париз: Франсоа Фијон поднесе оставка и побара мандат за формирање нова влада

Францускиот премиер Франсоа Фијон денеска и официјално поднесе оставка на неговата влада и побара од претседателот Николас Саркози мандат за да формира нова во согласност со победата на десницата на парламентарните избори. Партијата на Саркози по вчерашниот втор круг има триста и четиринаесет од петстотини седумдесет и седумте места во парламентот.