Брисел: ЕУ ќе ја обнови помошта за Палестинците како поддршка за Махмуд Абас

Европската Унија ќе ја обнови директната помош за палестинците како дел од поддршката на претседателот на палестинската власт Махмуд Абас и на новата палестинска влада. Ова денеска го изјави еврокомесарот Хавиер Солана по пристигнувањето на состанокот на министрите за надворешни работи на Унијата што се одржува во Луксембург.