Ерусалим: Израел сака да преговара со Махмуд Абас

Израел сака да преговара со палестинскиот претседател Махмуд Абас од Фатах и да го изолира Хамас откако ова движење ја презеде контролата врз Појасот Газа. Ова денеска го изјави израелската министерка за надворешни работи Ципи Ливни, додавајќи дека натамошна излолација на Хамас очекува и од меѓународната заедница, со оглед на тоа што ова движење не го признава постоењето на Израел.