Подгорица: Уапсен обвинетиот од Хаг српски генерал Властимир Ѓорѓевиќ

Властите во Црна Гора го уапсиле поранешниот генерал на српската полиција Властимир Ѓорѓевиќ кој од Хашкиот Трибунал е обвинет за убиства и прогонување на етнички албанци од Косово во текот на 1999 -та година, соопшти Антон Никифоров портпарол на Хашкиот Трибунал. Никифоров додаде дека Ѓорѓевиќ наскоро ќе биде префрлен во Хаг.