Токио: Денеска почнува трансферот на парите на Северна Кореа

Денеска, како што јавија јапонските медиуми, би требало да започне трансферот на парите на Северна Кореа кои беа замрзнати во банката во Макао. Северна Кореа ова го постави како услов за започнување на примената на договорот постигнат во февруари годинава за затворање на нуклеарниот реактор во Јонгбонг. Станува збор за дваесет и пет милиони долари кои преку Руската банка ќе бидат префрлени во Северна Кореа.