Самара: Бомбашки напад врз шиитскиот храм -Златната џамија

Две минариња на Златната џамија, шиитски храм во Самара биле уништени во денешниот бомбашки напад, јавија агенциите, додавајќи дека нападот во градот каде што повеќето жители се сунити се случил и покрај присуството на ирачката полиција која ја обезбедувала џамијата. По минатогодишниот напад врз овој храм дојде до бран меѓуверско насилство во Ирак во кој загинаа десетици илјади луѓе.