Тел Авив: Ехуд Барак нов претседател на Лабуристичката партија

Поранешниот израелски премиер Ехуд Барак стана нов претседател на Лабуристичката партија. Досегашниот шеф на партијата Амир Перец треба да си замине и од функцијата министер за одбрана од кабинетот на премиерот Ехуд Олмерт. Пред извесно време Барак побара од Олмерт да поднесе оставка поради лошото водење на минатогодишната воена операција во Либан.