Брисел: Министерот Рушити ќе потпише меморандум за рамковна програма за истражување

Министерот за образование и наука Сулејман Рушити денеска во Брисел со европскиот комесар за наука и истражување Јанез Поточник ќе го потпише Меморандумот за разбирање за седмата Рамковна програма за истражување. Со тоа Македонија ќе може полноправно да ја користи оваа програма, која е основниот финансиски инструмент на Европската комисија за поддршка на истражувањето и технолошкиот развој. Програмата е за периодот 2007-2013 година, а нејзиниот буџет е 50,5 милијарди евра.