Скопје: Денеска средба Црвенковски - Груевски

Премиерот Никола Груевски денеска ќе го информира претседателот Бранко Црвенковски за разговорите што во неделата во Тирана ги водеше со претседателот на САД Џорџ Буш. Средбата, како што најави прес-службата на Владата, ќе се одржи во Кабинетот на претседателот Црвенковски.