Атина: НАТО нема донесено одлука за пристапување на Македонија

НАТО се уште нема донесено одлука за пристапување на Македонија. За тоа ќе одлучиме во април или мај, а дотогаш има уште време, рече американскиот државен потсекретар, Николас Барнс на средбата со шефицата на грчката дипломатија Дора Бакојани. Тој, меѓу другото, истакна дека САД го поддржуваат пристапувањето на Хрватска во НАТО, бидејќи веруваат дека оваа земја „ги исполнила сите потребни услови“, додавајќи дека Македонија и Албанија треба да спроведат дополнителни реформи за да се приближат кон членството во Алијансата.