Багдад: Насилства во Ирак

Три лица се убиени, а 17 се повредени во синоќешните судири во Багдад меѓу американските трупи и т.н. шиитска милиција на врховниот водач Моктада Ал Садр. Во инцидентите што вчера се случија во Ирак, загинаа 30 лица, вклучувајќи и 12 ирачки војници кои загинаа при самоубиствен напад со камион бомба јужно од Багдад.