Флорида: Американскиот спејс шатл Атлантис на 11 дневна мисија

Американскиот шатл Атлантис синоќа беше лансиран од Кејп Канаверал на Флорида на единаесет дневна мисија на Меѓународната вселенска станица. За тоа време седум члениот екипаж треба да постави опрема на станицата која ќе биде потребна за планираните летови на Марс. Претходното лансирање на Атлантис во февруари годинава беше одложено поради тоа што невремето на Флорида предизвика штети на леталото.