Варшава: Џорџ Буш попладе во посета на Полска

Полска денеска попладне го очекува американскиот претседател Џорџ Буш на разговори за анти ракетниот штит во Средна Европа. Варшава очекува Буш да разјасни дали вчерашниот предлог на Путин за тоа штитот да се постави во Азербејџан е искрена желба на Москва за соработка или маневар на Русија да спречи поблиска соработка меѓу Соединетите Држави и некогашните членки на Варшавскиот Пакт.