Виена: Русија нема да ја напушти спогодбата за конвенционално оружје во Европа

Русија, на состанокот во наредната недела во Виена нема да ја напушти спогодбата за конвенционалното оружје во Европа, изјави рускиот шеф на дипломатијата Сергеј Лавров. Русија во минатиот месец побара побара итно свикување на конференцијата поради се поголемите несогласувања со НАТО. Имено, претседателот Путин, ги обвини западните држави дека ја кршат спогодбата за конвенционалните сили и најави дека Русија би можела да се повлече од неа.