Аин Хелоу: Четворица загинати во судири меѓу либанската армија и милитантите

Четворица загинати и десетина повредени е билансот од денешните судири меѓу либанската армија и палестинските исламисти на влезот во бегалскиот камп Аин Хелоу, на југот на Либан. Вооружените судирите меѓу либанските војници и милитантите избувнале пред дваесет дена во еден палестински камп на северот на земјата и досега во нив, според агенциите, загинале стотина луѓе.