Прага: Џорџ Буш од вечерва во посета на Чешка

Американскиот претседател Џорџ Буш се очекува денеска вечер да пристигне во Прага со намера да ја убеди Чешката Република да го прифати инсталирањето на американската радарска база која ќе биде дел од планираниот антиракетен систем во Чешката република и Полска. Пред пристигнувањето на Буш, рускиот претседател Владимир Путин рече дека ако се продолжи со планот за ракетна одбрана Русија би можела да возврати насочувајќи ги нејзините ракети кон цели во Европа. Буш и Путин ќе се сретнат на самитот на Г8 кој започнува в среда во Германија.